Масвидал и Едвардс ќе се сретнат на крајот на годината

97

Еден од најочекуваните судири во полусредна категорија на УФЦ во последните две години ќе се случи.

Станува збор средбата меѓу Хорхе Масвидал и Леон Едвардс на 11 декември на гала вечерта на УФЦ 269. Настанот е исполнет ѕвезди, но сега температурите и очекувањата на фановите се зголемија уште повеќе.

За борба меѓу 36-годишниот Масвидал и 30-годишниот Едвардс се зборува од почетокот на 2019 година, кога Американецот и „Роки“ се степаа по УФЦ Фајт најт 147, што се одржа во Лондон, Велика Британија.

Тогаш Масвидал го победи сонародникот на Едвардс, Дарен Тил, а по натсанот, Леон го прекина интервјуто на Хорхе. На Масвидал не му се допаднаа зборовите на Британецот, па Американецот го погоди домаќинот неколку пати во лицето, а тие двајца беа избркани од обезбедувањето околу нив.

Хорхе Масвидал не се борел од април годинава, кога ја загуби втората последователна брба од шампионот во категоријата Камару Усман.

Едвардс во јуни го победи Нејт Дијаз, а пред средбата со Белал Мохамед беше прекинат поради повеќекратна конфузија во очите на Едвардс.