Мариуш Визер е реизбран за претседател на Светската џудо федерација

92

На Конгресот на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) Мариуш Визер е реизбран за претседател организацијата. Тој е избран за прв пат во 2007 година, а сега започнува нов развоен циклус што ќе го придвижи светското џудо кон нов врв.

По изборот, а беше едногласноизбран, Визер изјави: „За време на сите овие години беше задоволство да се работи со сите вас во мир, со пријателство и единство. Тоа се столбовите на стабилниот развој. Исто така беше чест да се работи за развој на џудото преку дисциплина, почит и лојалност. Досега толку многу го подобривме нивото на џудото и ги споделивме неговите вредности ширум светот и ќе продолжиме да постигнуваме големи работи заедно.

Благодарение на извонредната соработка со МОК, за прв пат ќе имаме екипен настан, вклучувајќи тим за бегалци на Олимписките игри во Токио ова лето и изданијата што ќе следат во иднина. Сите можете да бидете горди на она што го постигнавме.

Ја зголемивме нашата медиумска вредност и изложеност. Кога ја започнавме Светската џудо турнеја во 2009 година се соочивме со многу предизвици, но успеавме да ги надминеме сите, бидејќи бевме обединети и ќе продолжиме да бидеме.

Заедно, во следните четири години, ќе го направиме подобро и уште повеќе ќе ги поддржуваме националните федерации и континенталните организации.

Верувам дека преку единството, довербата и солидарноста можеме да го подигнеме џудото на следно ниво. Тоа е она што ќе го направиме, почнувајќи од денес“.

Фото: ИЏФ