Марина Родригез подобра од Мишел Вотерсон, нов пораз на Каубојот

109

Марина Родригез (14-1-2) со едногласна одлука на судиите ја победи Американката Мишел Вотерсон (18-9) во главната борба на УФЦ Вегас 26 настанот во Невада. Тоа беше втора победа по ред за бразилската воинка и втора оваа година, во јануари ја совлада Аманда Рибас со технички нокаут во втората рунда.

Во борбата за титулата Алекс Мороно (19-1, 1НЦ) го совлада Доналд Цероне (36-16. 2 НЦ) со технички нокаут. Ова беше петти пораз на Каубојот во последните шест борби, додека едната заврши со „без одлука“.


Резултати – УФЦ Вегас 26:

Марина Родригез – Мишел Вотерсон – едногласна одлука (48-47, 49-46, 49-46)
Алекс Морено – Доналд Цероне – ТКО (удари), Р1 (4:40 часот)
Нил Мегни – Џеф Нил – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Маркос Рожерио де Лима – Морис Грин – едногласна одлука – (30–26, 30–26, 30–27)
Грегор Гилеспи – Карлос Диего Фереира – ТКО (удари), Р2 (4:51)
Фил Хоус – Кајл Даукаус – едногласна одлука на судиите (30–26, 30–26, 29–27)

Воведни борби:
Мајкл Тризано – Клеудовит Клајн – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Парк Јун Јонг – Тафон Нчукви – поделена одлука (30-25, 29-26, 28-28)
Карлстон Харис – Кристијан Агилера – тех. завр. (давење анаконда), Р1 (2:52)