Македонските олимпијци подготвени за Токио – Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски ќе го носат знамето на отворањето на ОИ (ФОТО)

417
Најдобрите македонски спортисти – олимпијци се подготвени за заминување на Олимписките игри Токио 2020!
Македонското знаме на церемонијата на отварање на Олимписките игри ќе го носат Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски.
Тие денеска беа на прием во МОК каде што им посакаа среќа и враќање со медал(и).

Македонија ќе биде претставена од осум спортисти и тоа од Дејан Георгиевски (таеквондо), Миа Блажевса Еминова, Филип Дерковски (пливање), Јован Стојоски (атлетика), Арбреша Реџепи (џудо), Борјан Бранковски (стрелаштво), Пуликсенија Јовановска (карате) и Магомедгаџи Нуров (борење).

Македонското знаме на отварањето на ОИ ќе го носи Георгиевски со тоа што по новите правила треба да има и женско, па изборот падна врз џудистката Реџепи.

Георгиевски е еден од спортистите од кого најмногу се очекува, а и тој самиот порача дека верува оти може да дојде до златниот медал.

„Конкуренцијата е жестока, таму се најдобрите 16 таеквондисти. Одам на златен медал. Веќе покажав дека можам да се борам со најдобрите“, истакна таеквондистот Георгиевски.

Нашите спортисти на ОИ одат по групи, а причината за тоа се посебните ковид протоколи.