Таеквондо репрезентативците повторно во Белград на врвниот олимписки камп „Патот до Токио“

126

Најдобрите македонски таеквондисти повторно се во Белград на врвен олимписки таеквондо камп „Патот до Токио“. Репрезентативците во главниот град на Србија пристигнаа во вторникот и таму ќе останат до сабота.

На тренинг кампот во Белград има олимписки, светски и европски шампиони од Србија, Иран, Бразил, Полска, Словенија …

Македонската таековондо федерација изразува благодарност за поканата до еден од најдобрите светски тренери во овој олимписки спорт Драган Јовиќ – Гале.

Од друга страна, нагласуваат МТФ, подготовките за олмписките квалификации во Софија на 31 јануари идната година, нашите репрезентативци ќе одат на камп во Дупница, па во олимписката база Белмен во соседна Бугарија. На квалификациите боите на нашата земја ќе ги бранат Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска.