Македонската репрезентација во борење до 23 години се подготвува во Маврово

345

Македонската репрезентација во борење до 23 години се подготвува во Маврово со тренерите Бобан Данов, Идриз Куртиши, Горан Атанасов и Седат Бафтија.

Подготовките се за Меѓународниот турнир во Бургас, Бугарија, Петко Сираков.

По турнирот нашите репрезентативци продолжуваат со подготовките во базата во Маврово се до Европското првенство кое ќе се одржи во Македонија.