6 C
Skopje
26/02/2021 | 22:34
Почетна Други вештини Македонската кендо федерација доби донација во опрема од Јапонија

Македонската кендо федерација доби донација во опрема од Јапонија

192

Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда предаде кендо опрема, донација од Јапонската кендо федерација за Македонската кендо – иаидо федерација.

Амбасадорката на Јапонија  Кеико Ханеда заедно со  Златко Кесковски, претседателот на Македонската кендо – иаидо федерација одржаа церемонија за примопредавање на кендо опрема, донација од Јапонската кендо федерација.
Јапонската кендо федерација обезбеди 40 шинаи и 20 комплети на кендо опрема за македонската федерација како признание за нејзините континуирани напори за промоција на оваа традиционална уметност. Ова е трета донација од страна на Јапонската кендо Федерација.
Кендо е традиционална јапонска боречка вештина која потекнува од мечувалството (кенџутсу), се користат мечови од бамбус (шинаи) и заштитен оклоп (богу). Кендото е присутно во Јапонија, но и во многу земји низ целиот свет.