Македонија со тројца натпреварувачи на СП во таеквондо на ИТФ

766

Кина ќе биде домаќин на Светското првенство во таеквондо во неолимписката верзија (ИТФ), а Македонија ќе настапи со тројца натпреварувачи.

„Имаме тројца подготвени натпреварувачи, со искуство од врвни првенства, Давид Крстесеки европски медалист, Давид Велковски и Божидар Димитириевиќ стигнаа до полуфинале на Ссветското првенство во Пловдив“, вели селекторот Марјанчо Лазаревски.

Ако се биде во ред со пандемијата на Ковид-19 СП ќе се одржи во последните 10 дена од август, од 22 до 31.

Шампионатот требаше да се одржи во 2020 година, но беше одложен поради пандемијата на Ковид-19.

Ipon.mk