Македонија со 18 каратисти на Премиер лигата во Истанбул

588

Идниод викенд е премиерното издание на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, по едногодишна пауза, каде што, барем засега, ќе настапат 618 натпреварувачи од 69 држави, односно 280 клуба, а Македонија ќе ја претставуваат 18 каратисти (според пријавите).

Боите на македонското карате ќе ги бранат: Жарко Арсовски, Абдурахим Идризи, Јована Георгиева, Пуликсенија Јованоска, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Симона Заборска, Емил Павлов, Берат Јакупи, Глигор Петков, Ангела Мојсовска, Милева Марија, Доан Османи, Вероника Костовска, Виктор Крстевски, Свинарски Марио, Моника Стефановска и Вахик Весели.