Македонецот Александар Велики Волкановски ја одбрани титулата на УФЦ (ВИДЕО)

160

Македонецот Александар Волкановски кој живее во Австралија успеа да ја одбрани титулата во перо категорија со втората победа над поранешниот шампион Макс Холовеј.

Тие се бореа во главниот натпревар на УФЦ 251, што се одржува во Абу Даби. Битката меѓу нив беше многу тешка за судење, но на крајот судиите дадоа победа со поделена одлука за шампионот.

Во првите две рунди, Холовеј успеа двапати да го прати Волкановски во нокдаун и го беше водството со забележаните удари во борбата. Мечот изобилуваше со удари од двајцата. Во принцип, ова беа рунди во кои поранешниот шампион имаше мала предност. Во последните три рунди, Волкановски се опорави и почна да прави притисок.

Во третaтa рунда Волкановски се врати и ја израмни борбата, а во четвртата веќе беше подобар и успеа да направи соборување, иако Американецот успеа брзо да се извлече од тешката состојба.

Во петата рунда Австралиецот со македонско потекло продолжи да биде стабилен во размените, а решавачки се покажаа две соборувања кои успеа да ги направи, испаднаа пресудни, а со нив се чини дека конечно успеа да го сврти мечот во своја корист.

Така, Волкановски ја извлече победата пред носот на противникот со одлука на судиите – 48-47, 47-48, 48-47 и го задржа појасот, притоа запиша 9 последователна победа во УФЦ (19 во кариерата), а скорот сега му е 22-1. За Халовеј, ова е прилично горчлив пораз, бидејќи тој веќе е 21-6 во октагонот.

Ова е видеото од првата борба:

https://www.instagram.com/p/CCh4S3VDgKO/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CCh2W8PBMgt/?utm_source=ig_embed

УФЦ 251 резултати:
Камару Усман – Хорхе Масвидал со едногласна одлука
Александар Волкановски – Макс Холовеј со поделена одлука
Петр Јан – Хозе Алдо со ТКО, (Р5, 3:24)
Роуз Намахунас – Џесика Андраде со поделена одлука
Аманда Рибас – Пејџ ван Зант со завршница (лост на рака) (Р1, 2:21)

Воведни борби:
Јиржи Прохаска – Волкан Оездемир со КО (Р2, 0:49)
Муслим Салихов – Елисеу Залески со поделена одлука (30-27, 29-28, 28-29)
Макван Амирхани – Дани Хенри со завршница (анаконда гушење) (Р1, 3:15)
Леонардо Сантос – Роман Богатов со едногласна одлука (29-26 x3)
Марцин Тибура – Максим Гришин со едногласна одлука (30-27 x2, 30-26)
Раулијан Паива – Жалгас Жумагулов со едногласна одлука (29-28 x3)
Керол Роса – Ванеса Мело со едногласна одлука (30-26 x2, 30-27)
Дејви Грант – Мартин Ден со КО (Р3, 2:38)