Махачев го кртикува Чендлер: Тој се уште не е тестиран

139

Откако Хабиб Нурмагомедов официјално се повлече од ММА, беше објавено дека Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер ќе се борат за слободната титула во лесна категорија.

Сепак, Ислам Махачев не се согласува со оваа одлука на УФЦ.

Дагестанецот во едно интервју изјави дека смета оти Оливеира го заслужува шампионскиот меч, но Чендлер не направил доволно за да ја добие оваа шанса.

„Искрено, мислам дека Оливеира го заслужува тоа – тој е во добра серија победи, но не се согласувам дека Чендлер е таму“, рече Махачев.

„Тој имаше само една борба во УФЦ и не беше тестиран. Таа прва борба заврши брзо. Мислам дека Џастин Гејџи или Дастин Пориер можеа да се изборат за титулата. Но, УФЦ си има свои планови“.

Гејџи во моментов е без противник, иако првично очекуваше да се бори со Чендлер. Ова ја отвора вратата за средба меѓу него и Махачев. И тој се согласува.

“Да, дуел со Гејџи е можен. Џастин и јас се познаваме, но не сме пријатели. Можно е. Тој е слободен во моментов. Зошто не? Би сакал да се соочам со него”.