Мајк Тасон најавува нова борба во мај

114

Mајк Тајсон повторно се враќа во рингот.

Откако на крајот од ноември минатата година се бореше во егзибициски натпревар со Рој Џонс, кој на крајот заврши нерешено. Тајсон нема намера да застане и сака уште да се бори.

„Железниот Мајк“ синоќа објави дека на крајот од мај повторно ќе се бори.

„На крајот од мај повторно ќе се борам, 29 или 31, нешто така, во ист ринг каде ти се бореше последен пат“, рече Тајсон во својот подкаст до мексиканскиот шампион Канело Алварез.

Канел својот последен натпревар го одработи на Хард рок стадионот во Мајами и ќе биде интересно да се види со кој Тајсон ќе влезе во рингот.

Во последните неколку месеци се споменуваше нов дуел со легендарниот Ивандер Холифилд, но се уште не е официјало потпишано.

Сепак, името на ривалот би требало да биде познат многу брзо и повторно ќе имаме шанса да уживаме во ударите на славниот Мајк Тајсон.