Мајк Тајсон си ја отвора душата во новиот документарен серијал (ВИДЕО)

133

Мајк Тајсон е едно од најозборуваните и најпрепознатливите лица во светот. Тешко дека постои некој љубител на спортот, па дури и некој случаен кој не чул за „Најлошиот човек на планетата“. Толку многу детали за неговиот живот се напишани и изговорени, но како и да е, секогаш ќе има нешто ново да се добие како информација.

За тоа сведочи документарната серија, која започна на АБЦ њуз. Таа ќе ја разгледа славата на Тајсон и последиците од неговиот живот. „Мајк е комплексен поединец“, рече гласот во трејлерот за „Мајк Тајсон: Нокаутот“. Во серијата, самиот Тајсон, заедно со своето семејство, ја раскажува приказната за „подемот, несреќата и враќањето“ на неговата боксерска кариера, почнувајќи од неговото детство во Бруклин, Њујорк.

„Мајк Тајсон беше прогласен за најлош човек на планетата бидејќи тој беше едноставно најлошиот човек на планетата“, изјави актерката Роузи Перез, која често ја посочуваат како „Првата дама на боксот“.

Четиричасовната серија исто така ќе го разгледа личниот живот на животното, кој исто така беше преполн со полемики, вклучувајќи обвинувања за напад од неговата поранешна сопруга Робин Гивенс. Самиот Тајсон и признал на Опра во 2009 година дека ја удрил, но и таа го претепала, бидејќи „таква беше нашата врска“. Не треба да се пропуштаат обвиненијата за силување во 1992 година, за кои Мајк помина три години во затвор, гризнатото уво на Ивандер Холифилд во 1997 година, влегувањето зад решетки за претепување на двајца моторциклисти во 1999 година и краткиот престој во притвор за употреба на кокаин во 2007 година.

Во еден дел од трејлерот, Бајрон Питс, кој го парви интервјуто, го праша Тајсон, што би му рекол на своето 20-годишно јас, ако е можно. Мајк одговара: „Ќе боли, ќе повреди многу. Навистина ќе боли“. Најмладиот светски шампион во тешка категорија (само 20 години) зборува за своето моментално враќање во рингот. Премиерната епизода од серијата ќе се емитува на 25 мај.