Мајк Тајсон повика на бојкот на новaтa биографскa документарна серија

131

Пензионираниот американски боксер Мајк Тајсон повика на бојкот на новонајавената документарна серија на стрим-платформата Хулу за неговиот живот.

„Најавата на Хулу за снимање на неовластена мини-серија врз основа на приказната за Тајсон, без надомест, за жал, не е изненадувачка. Оваа спектакуларна најава на филм за социјалните нееднаквости во нашата земја е одличен пример за тоа како алчноста на Хулу доведе до глува културна злоупотреба на животната приказна на Тајсон. Да се прикаже ова во месецот на црнечката историја само ја потврдува ’загриженоста’ на Хулу само ’за долари’ во однос на почитувањето на правата на црнците“, напиша Тајсон на Инстаграм.

Автор на документарецот „Железниот Мајк“ (Iron Mike), е оскаровецот Стивен Роџерс, а извршна продуцентка е познатата глумица Марго Роби.