Маја Бобан: Среќна сум! Ги бранев боите на Македонија во самбо спортот и сум трета во Европа

173

Маја Бобан го освои третото место онлајн Самбо купот (Европа).

Таа во борбата за финалето загуби од Шпанецот Адријан Лабрадо, а во четвртфиналето го совлада Словенецот Метод Добај.

Првото место го освои Јули Мари Хорн од Германија, втор е Шпанецот Лабрадо, а на третото место се нашата Бобан и Русинакта Викторија Сергеваскаја.

„Победата над Словенецот многу ме израдува и моментот дека веќе сум во првите тројца. Тоа беше изненадување и за мене. Многу се подготвував. Голема поддршка имав од тренерот Ердал Факиќ кој веруваше во мене дека можам и сум подготвена да бидам на исто место со самбисти кои се носители на европски и светски медали. На пример, Лабрадо е 5-ти во Европа, 7-ми во свет“, вели Маја Бобан.

А дали можеше да оди и во финалето:

„Финалето за малку ми избега, но овој пат противникот беше подобар и побрз. Среќна сум! Горда и задоволна! Пред се, затоа што ги бранев боите на Македонија во самбо спортот и што успеав на ниво на цела Европа да бидам трета“.