Маја Бобан ќе ги брани боите на Македонија на онлјан „Самбо купот“

243

Светот мирува, но самбо спортот секогаш има активности да го задржи вниманието на сите спортисти и љубители на овој спорт.

За прв пат досега, Меѓународната самбо федерација – ФИАС организира онлајн Самбо куп кој се одржува од 20 јуни до 18 јули.

Македонија на овој онлајне куп ќе ја претставува репрезентативката Маја Бобан во категоријата до 68 кг. Таа минатата година настапи на Светското првенство во Јужна Кореа.

Во текот на овие натпреварувања натпреварувачите на националните федерации, кои ги претставуваат сите континенти, ќе се натпреваруваат за парична награда, која ја обезбеди генералниот партнер на ФИАС, нафтената компанија  Роснефт.

Турнирот ќе се одржи во форма на квиз преку интернет, во кој спортистите ќе треба да го покажат своето знаење за самбо техниките, снаодливоста, генијалноста и во некои случаи, нивната физичка подготвеност, со изведување на низа вежби. Секоја земја има право да се натпреварува само со по еден натпреварувач.

Натпреварите ќе може да се гледата на официјалната њеб-страна на ФИАС www.sambo.sport, Фејсбук и на СамбоФИАС на Јутјуб каналот.

Овој викенд 20-21 Јуни се натпреварува Европа, па после следуваат и другите континенти. На крај се натпреваруваат сите финалисти во уште едно супер финале, каде се добива еден победник на овој онлјан Куп.