Лукас Браун нокаутиран во првата рунда по враќањето во рингот (ВИДЕО)

129

Разочарувачки.

Ова е најдобриот начин да се опише враќањето во рингнот на поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБА – Лукас Браун.

42-годишниот ветеран беше поразен на првиот меч по скоро година и пол надвор од рингот. Синоќа Браун се соочи со сонародникот Пол Гален на главниот настан на вечерта во Австралија.

Битката меѓу нив беше закажана во шест рунди, но сето тоа заврши во првиот дел, кога Браун беше испратен на подот.

Непознатиот противник на Браун успеа да го нокаутира по неколку удари во задниот дел од главата, кои, сепак, останаа незабележани од судијата. Лукас никогаш не успеа да се опорави од штетата и судијата го прекина мечот.

Гален го подобри професионалниот скор на 11 победи и 1 нерешен резултат, со последниот триумф во декември против легендата Марк Хант.