Лудница во родниот град на новиот првак, победата на „Предаторот“ бурно ја поздрави и Адесања (ВИДЕО)

463

Камерунскиот Батие ја прослави најголемата победа на неговиот најпознат спортист.

Во родниот град на новиот УФЦ шампион немаше спиење, а по 52 секунди од вторaтa рунда од главниот меч на УФЦ 260 започна лудилото на улиците каде што се собра локалното население.

Френсис Нгану го оствари својот сон и на разочарување на сите навивачи на Стипе Миочиќ, тој во неделата стана „број 1“ во тешка категорија на УФЦ. Африканскиот континент сега го слави третиот шампион во УФЦ, бидејќи покрај Нгану, кој е роден во Камерун, тука се и Камару Усман и Израел Адесања (и двајцата по потекло од Нигерија).

За време на викендот, Усман целиот викенд беше во друштво на Нагану и му пружи поддршка од аголот, но и помош со неговиот вреден совет. Од друга страна, Адесања во друштво на пријатели на мал екран ги следеше настаните од Лас Вегас, а својата реакција и прослава ја сподели со фановите преку социјалните мрежи.