Лопез: Секој пат кога ќе удреше и јас му подготвував нешто

74

Теофимо Лопез го победи Васил Ломаченко во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите и ја освои светката титулата во верзиите на ВБА, ВБО, ИБФ и „Ринг“.

Лопез беше подобар во првата половина од мечот, а Ломаченко во продолжението, но тоа не беше доволно за да го подобри впечатокот кај судиите.

Бодовите одеа во прилог на Теофимо – 119-109, 117-111, 116-112.

„Требаше длабоко да фатам, длабоко да стигнам во себе. Сакам да се борам, па ако е потребно и добро да се истепам. Не ми е важно. Можам да добијам удар, но знам како и да вратам, а тоа го прави шампионот. Го најдов патот до победата“, рече Теофимо Лопез и додаде:

„Васила треба цело време да го притискаш, да го исфрлаш предниот директ и да не му дозволувиш да се подготвуви. Секој пат кога ќе удреше, му подготвував нешто“.

Украинецот немаше премногу волја да ја коментира борбата, а пособено истакна дека не се согласува со проценката на судиите.

„Во првиот дел од мечот беше подобар, но подоцна ја презедов контролата и бев подобар. Сакам да се вратам дома и да ја гледам борбата. Секако не можам да се согласам оценките на судиите“, рече Васил Ломаченко.