Ленокс Луис: Ќе го нокаутирам Тајсон Фјури

305

Ленокс Луис, поранешен апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, за медиумите изјави дека и денес ќе го победи секој боксер.

„Секако, ќе бев неприкосновен шампион во овие дни. Можеби Тајсон Фјури би ми направил малку повеќе проблеми, неколку рунди. Но, на крајот би го нокаутирал. Види, јас сум мајстор за нокаут. Имам арсенал на удари што можам да ги користам во секое време“, рече Луис.

Луис ги коментираше и перформансите на своите сонародници – англиски боксери, кои веќе се 5 во топ 10 рангирањето на авторитетниот сајт boxrec.com („Боксерска библија“) во тешка категорија – Тајсон Фјури, Ентони Џошуа, Дилијан Вајт, Дерек Чисора и Џо Џојс.

„Одлично е што британските боксери имаат такво влијание во светскиот бокс токму сега. Многу сум среќен за модерниот британски бокс. И можам да кажам дека играв клучна улога во отворањето на вратата за овој процес. Ова е многу позитивен момент за британскиот бокс“, додаде „Лавот“.