Легендарниот Федор Емилијаненко во болница поради Ковид-19

132

Легендарниот ММА борец Фeдор Емелијаненко е во добра состојба. Ова го објави самиот на социјалните мрежи, каде им се заблагодари на сите за желбите за добро здравје.

Емелијаненко е хоспитализиран во московска болница специјализирана за лекување на пациенти со коронавирус. Според руските медиуми, Федор имал симптоми на Ковид-19 и развил двострана пневмонија.

Лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба и тој брзо ќе биде отпуштен.

„Ви благодарам што навистина се грижите за моето здравје. Сега се чувствувам добро, се опоравувам. Благодарен сум на лекарите и медицинскиот персонал за нивната грижа“, напиша легендата.