Кристијано Роналдо: Ќе победи мојот брат Хабиб! (ВИДЕО)

89

Кристијано Роналдо не се двоуми кој ќе победи меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи на УФЦ 254 за титулата во лесна категорија, истакнувајќи дека неговиот „брат“ Хабиб сигурно ќе победи.

Пријателството на Роналдо и Хабиб датира уште кога беше фудбалер на Реал Мадрид и не зачудува што ќе навива за него на преметката во Абу Даби следниот викенд.

„Секако, секако, Хабиб ќе победи! Мој брат ќе победи со дозвола на Алах! Иншала“, изјави Роналдо за фановите во сесија на Инстаграм во живо.

Хабиб, кој е страствен навивач на Реал Мадрид и на својот локаен клуб Анжи Махачкала, доби дрес со потпис од Роналдо во 2018 година. Роналдо пак, е заинтересиран за ММА подолго време, а во 2017 година беше во посета на големиот ривал на Хабиб, Конор Мек Грегор, посетувајќи го во неговата вежбална пред мечот со Нејт Дијаз.

.