Костовски: Радувај се Македонијо, во Токио одиме по злато и никако поинаку! (ФОТО)

413

Дејан Георгиевски со победа над актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан со резултат 13- :6 обезбеди историска олимписка норма за Македонија, за олимпиското македонско таеквондо, за олимпизмот во Македонија, пишува во првата реакција селекторско-тренесркиот тандем на Фејсбук Борче и Дарко Костовски.

„Дејан имаше денеска две борби, првата над Динко Шегедин ја доби со апсолутна доминација !

Дополнителна убавина е тоа што на Дејан денеска му е роденден! Фала му на Господ за овој Божји подарок !“, пишуваат возбудениот Дарко и додава:

„Да не заборавиме дека вчера Филип Додевски го спречи скршеница на раката на патот за олимписка норма. За малку чудото ќе беше уште поголемо со две норми. Секако, одлична беше и Анамарија !

Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на брат ми Борче Костовски, којшто исто како и јас живееше за овој миг, но тој е НАЈГЛАВНИОТ виновник за овој ИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ МИГ “!

„Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимир Богоевски што овие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија“.

„РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ !!!!

СЛАВА НА ГОСПОД !!!

#TaekwondoKlubButel

#MacedoniaOlimpicTaekwondo

ЗА МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈ“!!!

https://www.facebook.com/darko.kostovski.543/posts/2921394078000500