Костовски: Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА!

290

Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации!, напиша на Фејсбук веднаш по финалето тренерот на сребрениот Дејан Георгиевски, Дарко Костовски.

„А тебе докторе, тебе брат Борче Костовски, за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад не може со збор да се опише, тоа е за филм ! Фала му на Господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски!“, се заблагодарува Дарко до селекторот и братот Борче Костовски.

„Тесно финале! Не досуден чист удар во глава. Чист, но тоа е спортот, знае да е суров.

„Сребро на олимписки игри во фулконтактен боречки спорт, во олимписко таеквондо, сон со кој јас и брат ми живеевме од како постои Таеквондо клубот Бутел!

Македонијо радувај се! Се гледаме на плоштад! Се гледаме горди и достоинствени на плоштад!

За Македонија!“, порача Костовски.