Кормиер до Вајт: Не се откажувај од Хабиб

129

И покрај упорните обиди на Дана Вајт да го убеди Хабиб Нурмагомедов да не се откажува од ММА, Дагестанецот не покажа интерес за враќање откако објави дека се повлекува на УФЦ 254.

Според Даниел Кормиер, Вајт не треба да се откажува од обидот да го убеди својот шампион да се врати.

„Тој доминираше над тврдиот Џастин Гејџи“, рече Кормиер. „Значи, тој е човекот. Тој е број еден, а Дана Вајт не треба да престане да го убедува да се врати.

Да бев на негово место немаше да запрам, ќе закажев најмалку 10 пати средби со Нурмагомедов. Секој пат ќе се обидам да го убедам да се врати“.

Хабиб, кој има совршен скор од 29-0, неодамна целосно ги прекина надежите за враќање откако одби меч против Жорж Сент Пјер – битка за која сите сметаа дека е доволно предизвикувачка за „Орелот“.

И откако ја отфрлија можноста за реванш со Конор Мек Грегор и Дастин Пориер, шансите за враќање на Нурмагомедов за 30-0 се се помали.