Кордеиро: Мајк Тајсон влегува во рингот да умре или да убие

124

Рафаел Кордеиро е импресиониран од она што го покажува легендарниот Мајк Тајсон. Кордеиро го тренира 54-годишниот ветеран кој во ноември ќе влезе во рингот, првпат по 15 години. Железниот Мајк ќе се бори со друга легенда, Рој Џонс. Ќе направат 8 ревијални рунди, во кои победата може да се постигне само со нокаут.

Тајсон тоа го прави за добротворни цели и нема да земе ниту денар. Рафаел вели дека никогаш не видел друг како Тајсон во неговата 32-годишна пракса.

„Мајк Тајсон е нешто поразлично и не сум видел вакво нешто порано. Тренирав многу шампиони во последните 32 години, но немав можност да тренирам 54-годишник со визит-карта како неговата. Едвај чекам да тренирам и други како него, кои на свои години ќе го прават она што го прави Тајсон во теретана. Човеку, тој е импресивен. Денес има многу повеќе искуство и со ова искуство неговата техника е подобра.

Сега му оди подобро отколку порано. Покажува желба и јас сум импресиониран од него. Мајк трча секое утро и тренира три пати на ден. Успеа да ја смени својата фигура, но психата му е иста. Оди во ринг да умре или да убие. Тајсон промени некои работи во животот, но кога влезе во рингот, тоа е стариот Мајк Тајсон. Верувам дека најдоброто допрва доаѓа и неговата врвна форма допрва доаѓа.

Не сакам да покажам непочитување, но мислам дека Мајк може да им конкурира на Фјури, Џошуа и Вајлдер. Ако еден ден посака да биде тестиран, тогаш зошто да не се бориме за титулата? Во моментов тренираме, не за егзебиција, туку за вистинска битка. Ќе го нокаутира Рој ако му се укаже шанса.

Тренираме напорно секој ден. Мајк тренира 6-7 часа на ден и резултатите нема да изостанат. Едно време Тајсон речиси ме удри во брадата и целиот живот ми помина како на лента, ги видов сопругата, ќерките и мојот син“, изјави Кордеиро во интервју за ТМЗ.