Кордеиро: Кога го видов десното кроше на Тајсон целиот живот ми пролета пред очи (ВИДЕО)

310

Мајк Тајсон предизвика огромно воодушевување во светот со објавување на видео-клип од тренинзите на социјалните медиуми.

Легендарниот 53-годишен пензиониран боксер ја најави можноста да одработи неколку егзибициски мечеви, нешто што е дочекано со голема возбуда.

На видео снимката во која покажува брзина и сила фокусерите му ги држи поранешниот тренер на академијата „Чут бокс“ и сегашниот тренер на „Кингс ММА“ во Калифорнија, Рафаел Кордеиро.

Менаџерот на Тајсон го ангажираше да му помогне во боксерскте тренинзи. 46-годишниот Бразилец го коментираше искуството.

„Штом почнавме со тренинзи, реков, О, Господе. Не знаев што да очекувам од типот кој сигурно не удирал фокусуери десет години“.

„Не очекував да го видам она што го видов. Го видов момчето со истата брзина, со иста сила како 21-годишник. И веднаш ќе ви кажам: Мора да биде добри за да спарингувате со Мајк, затоа што ако не сте сто проценти ќе завршите на подот. Неговата сила е нешто сосема друго“.

„Во текот на кариерата тренирав многу тешкаши и со сета почит тој во моментов е силен колку што е скоро Вондерлеј Силва. Кога зборуваме за неговата сила, го држев фокусерот за десно к роше и мислев: Ќе убие некого”.

„Не знам дали ќе се врати, но ако се одлучи на тоа, можам да ви кажам дека ќе биде подготвен 100 проценти. Не сакам многу да зборувам, затоа што тоа е Тајсон,човече. Не може да играме со овој човек“.

„Кога ги држам фокусерите, сакам да ги држам блиску до лицето. Првиот пат кога ги видов неговото десно кроше целиот живот ми помина пред очите. Мојата сопруга, ќерките, моето куче, сè ми пролета, затоа што мислев дека ќе умрам. Но, тоа е само страв. Секој пат кога ги држев фокусерите, а тој фрлаше комбинација, ќе ме исфрлуваше од тетамито“.

„Постојнао прави притисок. Тоа е борбата на Тајсон и сите го знаат тоа. Како се бореше така и тренира“.