Конор се утеши со јахта „ламборџини“

466

Конор Мек Грегор брзо заборави на поразот од Дастин Пориер. Ирецот се пофали со луксузната јахта „ламборџини“, еден од само 63-те произведени модели.

Се проценува на 2,7 милиони фунти.

Конор го опиша своето купување како „морски суперавтомобил“ и не заборави да посочи дека во колекцијата веќе има друга јахта од 3 милиони фунти.

Еве како изгледа новата миленичка:

„Располага со двоен турбо ракетен мотор“, се пофали Мек Грегор на Инстаграм.

Надворешноста е инспирирана од култни модели на италијанската марка од 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Се одликува со место за приватни вечери и спална соба.

Конор едвај излезен од болницата по повредата на ногата, сега му се врати на луксузниот начин на живот.

Поранешниот шампион во ММА сака да се пофали со своите скапи набавки и големите настани на кои присуствува.