Конор Мек Грегор жестоко одговори на последните обвинувања: Никогаш нема да се убијам …

76

По кратките одговори на Твитер, Конор Мек Грегор уште еднаш проговори и жестоко ги негираше обвинувањата за сексуално вознемирување.

Во објава на неговиот приватен профил на Фејсбук, што го потврди ТМЗ преку свои извори, Ирецот испрати јасна порака и жестоко им се закани на оние кои „со лажни обвинувања се обидуваат да уништат туѓ живот“.

Новиот одговор на Мек Грегор стигна неколку дена откако поранешниот двократен шампион на УФЦ во Корзика беше уапсен и испрашуван за наводни прикажувања на интимни делови и малтретирање на жена која, според еден сведок, била „шокирана од целиот настан“.

Ви ја пренесуваме новата изјава на Конор во целост:

„Никогаш нема да се убијам без обѕир колку го сакаат тоа некои. Обидете се да ми подметнете сè што сакате одново и одново, но вистината секогаш ќе ме ослободи! Без разлика дали станува збор за обвинувања за татковство, силување, несоодветно изложување, срање во групите на WhatsApp. Наведете што сакате, но јас никогаш нема да се предадам.

„Вистината е вистина и ми дава крилја! Добро го познавам мојот карактер! Господ да ја благослови ДНК! Господ да го благослови видео надзорот! Бог да ги благослови сведоците! Бог да ја благослови вистината! Вистината е моќ! Никогаш нема да им платам ништо на оние што ме напаѓаат со злонамрени лаги! Ни сега, ниту некогаш! Ќе се борам, а ова е само почеток на мојата борба!

Ќе видите што ќе се случи со претходните инциденти! Тие нема да бидат заборавени! Нема да дозволам овие луѓе само така да ме обвинуваат и потоа да исчезнат во темница откако ќе се обидат да го уништат животот на некој друг! Нема шанси!“, рече Мек Грегор, кој од слобода го чека исходот од овој случај.