Конор Мек Грегор објави дека е подготвен да се врати

47

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор на својот профил на социјалните мрежи објави дека е подготвен да се врати на борбите.

Во последните неколку дена, Конор е предизвикан од Тони Фергусон и ѕвездата во подем Хамзат Чимаев. Ел Кучуј е подготвен да се врати на борбите и да се натпреварува со поранешниот двоен шампион, кој минатиот месец го најави своето пензионирање од ММА.

Непоразениот Чеченец Чимаев исто така ги триеше рацете и не престана да го предизвикува Конор, заканувајќи се дека ќе го заврши во првата рунда.

На својот профил Мек Грегор напишал дека прифаќа, што значи дека е подготвен да се бори со некој од нив. Сè уште не е јасно против кого и каде, но ова е дефинитивно интересен пресврт од страна на ирскиот борец.

View this post on Instagram

Who do you think?

A post shared by Death Clutch MMA (@deathclutchmma) on