Кога Тајсон му го гризна увото на Холифилд… (ВИДЕО)

49

За време на борбата со ривалот Ивандер Холифилд, Мајк Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд на 28 јуни 1997 година. Со овој потегк Тајсон го навлече гневот на многу љубители на боксот, што всушност беше почеток на крајот на неговата кариера.

Тајсон беше дисквалификуван, ја загуби лиценцата за боксирање, и притоа плати казна од 3 милиони долари. Дури 12 години после инцидентот, „Железниот Мајк“ му се извини на Холифилд.

„Тој ме удри еднаш или двапати со глава, и тоа ме разгневи. Признавам дека ми падна мрак пред очи и ја загубив самоконтролата. Сакав да му го гризнам лицето, долната усна или носот, но тоа го направив со неговото уво. Кога ме казнија за гризењето во 1997, не бев свесен што се случува. Кога ми рекоа дека треба да платам 3 милиони казна, си реков па тоа е еден куп пари по ѓаволите. Но, веројатно заработив двојно повеќе од слики со навивачите и од снимање на реклами. Чисто финансиски, јас сум во плус од таа случка“ – раскажува Тајсон.

Моментот на одгризување на парче од увото на Холифилд: