Камерунскиот удирач му возврати на Џонс: Ако го немаш тоа во себе, веќе си ја изгубил борбата!

156

После неколкуте пораки што ги упати Џон Џонс до Френсис Нгану, сега се јави и шампионот во тешка категорија на УФЦ. Имено, Боус му рече на Камерунецот дека доаѓа за титулата и го замоли Френсис да го мотивира. Камерунскиот удирач во моментов ужива во триумфот, а слободните денови ги минува во својата татковина. Пораките на Џонс не останаа незабележани, па Нгану одговори на една од нив.

„Не треба да те мотивирам Џони. Ако го немаш тоа во себе, веќе си ја изгубил борбата. Ја знам мојата мотивација“, напиша Френсис Нгану.

Најсилната ММА организација бара ривал за новиот шампион. Шефот на УФЦ, Дана Вајт, најмногу би сакал тоа да биде Дерик Луис, бидејќи преговорите со Џон Џонс траеја долго. Коски бара подобар финансиски договор, а засега УФЦ не сака да му го удоволи тоа.