Како му беше украдена победата на Јасин Лама (ВИДЕО)

526

Вардар во петокот во третото коло на Регионалната бокс лига во Сараево загуби од Железничар 16-4, но тоа не е спорно туку судењето во неколку борби. Со најголема конровреза беше борбата на Јасин Лама против Фахрудин Бахтиќ во категоријата до 64 килограми.

Сите оваа борба ја видоа како победа на Лама, дури и коментаторите на ТВ Арена 4 се чудеа на судиската одлука.

Лама и во Скопје на сличен начин ја загуби борбата против Лозница.

Сепак, видеото најдобро зборува кој е победникот.

Вардарци во првите две кола претрпеа два порази од Лозница во Скопје 6-14 и во Подгорица (Црна Гора) 18-2.