Израел Адесања го декласира Коста и ја одбрани титулата со нокаут (ВИДЕО)

94

Шампионот во средна категорија Израел Адесања ја одбрани титулата и остана непоразен во ММА.

Адесања се сретна со Пауло Коста во главната борба на УФЦ 253 во Абу Даби. Многумина го потценија шампионот, но тој не му даде шанса на својот противник. Од самиот почеток, Адесања почна да ја обработува предната нога на Бразилецот. На изненадување на сите, Коста изгледаше прилично пасивно и реализираше неколку удари, но ништо значајно. Израел ја одработи првата рунда како по учебник.

Шампионот го уништи Пауло со удари, а Бразилецот не личеше на себе. На крајот на првата рунда Адесања постигна удар со левицата на Бразилецот. Во втората рунда Адесања продолжи да работи на нозете на Коста. Израел со своите удари успеа да го задржи Коста на дисрнаца. Адесања го удри Бразилецот во главата и му ја повреди веѓата, која започна силно да крвари.

Разликата во класите е очигледна, и ова е веројатно најслабата изведба на Коста во Кафезот. Силно лево кроше од Адесања и Коста паѓа во нокдаун. Шампионот почнува да го казнува со удари на пратер и судијата ја прекинува борбата една минута пред крајот на втората рунда. Со оваа победа Израел ја зголеми серија на 20 последователни победи. Коста, пак, го загуби статусот непоразен.

Во интервјуто по борбата, Адесања рече дека ќе ја гледа борбата меѓу Џаред Канониер и Роберт Витакер, кои ќе се борат на крајот на следниот месец.

УФЦ 253 – Резултати
Израел Адесања – Пауло Коста – ТКО (Р1, 4:00 часот)
Јан Блахович – Доминик Рејес – ТКО (Р2, 4:36)
Брендон Ројвал – Каи Кара-Франција – ЗАВ (Р2 0:48)
Кетлен Виеира – Сијара Јубенк – едногласна судиска одлука
Хаким Даоду – Зубаир Тухугов – подеолена одлука на судиите

Бред Ридел – Алекс да Силва Коељo – едногласна одлука на судиите
Akeејк Метјуз – Диего Санчез – едногласна одлука на судиите
Лудовит Клајн – Шејн Јанг – КО (Р1 1:16)
Вилијам Најт – Алекса Камур – едногласна одлука на судиите
Хуан Еспино Диепа – Џеф Хјуз – ЗАВ (Р1 3:48)
Данило Маркес – Хадис Ибрагимов – едногласна одлука на судиите