Измени и дополнувања на Правилникот за работа на Дан комисијата

148

Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија (ЏФРСМ) по едномесечна стручна работа, дебата на денешниот состанок донесе одлука за измени и дополнувања на Правилникот за работа на Дан комисијата.

Одлуката е донесена едногласно од страна на членовите на Дан комисијата: Ѓуро Илиќ –претседател, Славе Димитријоски, Драган Шеќероски, Дејан Мицкоски и Нада Ристов – членови.

Извршниор одбор треба да ја донесен конечната одлука за усвојување и ставање во функција на овој Правилник.

„Инаку се работи за комплетни измени во делот на Програмата за полагање на ученички кју –појаси, како и регулирање на Правилата и критериумите кои треба да ги исполнуваат спортистите за пријавување и полагање на испит за соодветен кју-појас. Исто така утврдена е новата форма и содржина на соодветните обрасци во процесот на полагањето, како и формата и изгледот на новите дипломи за сите кои би се здобиле со повисок степен (КЈУ)“, велат од Дан комисјиата.

Со ова практично нашата федерација, не само што ќе добие квалитетен Правилник, туку ќе биде во тек и со правилата и прописите кои ги налага ИЏФ и ЕЏУ, а со тоа би се развивало едно модерно џудо.