Истанбул е домаќин на отворањето на Карате 1-Премиер лигата во 2021 година

252

Истанбул ќе биде домаќин на отворањето на Карате 1-Премиер лигата во 2021 година. Поради ажурирањата во натпреварувачкиот календар на првокласната карате серија настани, градот во Турција му поскаува добредојде на првиот настан во сезоната од 12 до 14 март.

Традиционално место на врвни натпреварувања во карате, по две години пауза Истанбул станува домаќин на турнир во Карате 1-Премиер лига. Турскиот град за последен пат доби Карате 1-Премиер лига во 2018 година, додека настан од Карате 1-Серија А се одржа во Истанбул во 2019 година.

Покрај тоа, историјата на Карате 1-Премиер лигата е тесно поврзана со градот, бидејќи Истанбул беше место на одржување на еден од двата настани во Карате 1-Премиер-лигата во инаугуративното издание на серија натпревари во 2011 година.