ИОК е убеден дека Игрите ќе почнат на предвидениот датум

49

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се обиде да убеди десетици национални федерации дека одложените Игри во Токио ќе почнат на 23 јули.

„Ние сме сигурни дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат следната година. Врз основа на тоа, одиме напред, им рече на делегатите спортскиот директор на ИОК“, Кит Меконел, на семинарот одржан на Интернет.

Оваа недела се одржуваа состаноци на ИОК и организаторите на Игрите со околу 200 национални комитети, а присутни беа повеќе од 30 светски спортски федерации.

ИОК и организаторите во Токио водат кампања со месеци, која има за цел да го разбуди интересот на јапонската јавност и да обезбеди спонзори.

Инаку, организаторите решија да експериментираат на натпреварите со влез на бројни навивачи, како одреден показател за Игрите наредното лето. Според тамошните медиуми, ќе бидат организирани три бејзбол натпревари со 34.000 луѓе на трибините како би се истестирало ширењето на коронавирусот во услови на стадиони, осум месеци пред почетокот на Игрите.