ИН МЕМОРИАМ: Дејан Димитриевиќ беше каратист со јуначко срце

2306

Денеска во САД е погребан македонскиот карате репрезентативец Дејан Димитриевиќ кој доби многу битки на татамито, но ја изгуби последната против коронавирусот.

Веста за прераната смрт на Дејан одекна со неверување меѓу неговите другари и сите каратисти во Македонија.

Поранешниот селектор карате репрезентацијата Чедомир Саздовски најемотивно го опиша Дејан.

„Денешново мое седнување на лаптопот ми е најтешко во моето битисување, најтешко во мојата спортска кариера, зашто треба да напишам текст, за голема жал, за збогување со една спортска и пред се човечка фигура од македонското карате. Едноставно, не можам да се соземам и да се помирам со веста шот ми ја соопшти нашиот репрезентативец Горан Алексовски Конти  и ГОЛЕМ ДРУГАР со Дејан,  дека од денес нема да имаме можност со Дејан да разговараме, да се видуваме да се дружиме да споделуваме добро и зло, бидејќи тој замина и не остави само да се сеќаваме на него и на неговите блескави години поминати во каратето.

Целата негова кариера, од првите чекори, тргнувајќи по патеката на својот брат Срѓан, ги започнува во Карате клубот Лепенец од Ѓорче Петров под раководство на неговиот прв и успешен тренер Раде Герковски. Потоа, долго време и постигнувајќи ги своите најдобри резултати со АКК Студент, раководен од Чедомир Саздовски негов тренер и национален селектор па се до завршување на неговата кариера во КК Водно, постигнувајки врвни резултати под будното око на ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКОТО КАРАТЕ Димче Кичевски.

Неговите настапи и борби за клубовите во кои ја имаше својата кариера но посебно настапите и борбите за националниот македонски карате тим во индивидуална и посебно во екипна конкуренција ќе го паметиме како вистински жив „оган“ во борилиштето, кој знаеше да ги фрли во очај своите противници и нивните тренери.

Во една реченица кажано, ДЕЈАН БЕШЕ КАРАТИСТ СО ЈУНАЧКО СРЦЕ, тој никогаш, па дури и кога беше повреден не се предаваше. Таков беше случајот со настапот во финалето на големиот меѓународен турнир во Софија, Бугарија, кога со невидливата за судиите повреда (набиени ребра) при резултат 2-2, Дејан, како петти борец во екипата го доби мечот, а со тоа и нашата национална репрезентација го освои турнирот.

Дејан беше повекекратен државен шампион на Македонија за младинци и сениори во спортска борба, беше светски вице шампиона на СЕИЧИНКАИ СВЕТСКИОТ КУП со националната репрезентација на Македонија во Будимпешта, Унгарија во 1997 година.

Дејан беше инспиратот, коректор, мотиватор и миленик на своите клубски и репрезентативни колеги и со секој негов нов меч ги освојуваше срцата на своите навивачи, клупските и репрезентативните карате колеги.

Денес го изгубивме нашиот ДЕЈАН ДИМИТРИЈЕВИЌ, за кого, со право Ве повикувам на еден ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ , наменет токму за него!!!

ВЕЧНА  ПОЧИТ И СЛАВА ЗА НАШИОТ ДЕЈАН, ДОКАЖАН, ПОЧИТУВАН И ПОТВРДЕН МАКЕДОНСКИ КАРАТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ И ГОЛЕМ ЧОВЕК!!!

Господ Бог да те прости  ДЕЈАНЕ“!

Сочувство до семејството од Ипон.мк