Илиоски против Бајовиќ на 27 декември во Нови Сад

411

Бобан Илиоски се соочи со ново одложување на борба која требаше да се одржи на 27 декември во Белград, Србија. За среќа, на истиот датум во Нови Сад се одржува кик бокс настанот Пилот настан 2 на Батл нет чемпионшип, па така нема да останат залудни подоготовките.

Илиоски во категоријата до 81 килограм во К1 ќе се сретне со Милош Бајовиќ од Србија.

За потсетување, мината недела Илиоски освои златен медал на Балкан бест фајтер.