Илија Атанасов водеше тешка битка со грузискиот репрезентативец на ЕП во Софија

1509

Илија Атанасов (Бучин) во сотавот на македонската репрезентација имаше солиден настап на Европското првенство за У-15 во Софија, Бугарија, во категоријата до 85 килограми. Атанасов загуби од репрезентативецот на Грузија со 7-11.

Ова беше дебитантски настап на европско првенство. Тој во тешка борба загуби на поени. Од друга страна, неговиот противник загуби во полуфиналето и не го повлеше во репасажот.

„Од прикажанато, како негов тренер, сум многу задоволен и гледам  почеток на негова успешна кариера“, вели тренерот Горан Атанасов и додава:

„Инаку, требаше да имаме уште еден преставник на ова првенство, но поради повреда неколку денови пред шампионатот, не можеше да настапи на истото“.