Хва ранг ИТФ викендов учествува на онлјан турнирот „Балткуп 2021“

255

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид викендов со 11 натпреварувачи ќе настапи на Македонија на меѓународниот онлајн турнир А- класа „Балткуп 2021”,во организација на  ИТФ федерацијата на Естонија.

На овај турнир се пријавени учесници од 56 клубови од Европа и ќе се натпреваруваат во дисциплината форми (борба со замислен противник). Натпреварот ќе се одржи онлајн во живо на 19-20 јуни од 09 до 18 часот, сите љубители на овај спорт ќе може да гледаат и да навиваат за нашите натпреварувачи на јутјуб каналот ITF TV.

„Се надеваме дека и овај пат нашите пулени на овој престижен турнир ќе не израдуваат со солиден успех, иако поради ситуацијата со Ковид-19 стагниравме со натпревари. Сепак, веруваме и ќе се трудиме гордо да се претставиме, а со тоа и да изразиме најголема благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, изјавува тренерот Марјанчо Лазаревски, кој 25-27 јуни најавува и учество на прв меѓународен таеквондо ИТФ турнир од А класа „Бугарија опен“ во живо по долга пауза.