Хрговиќ го доби мечот на кариерата, потврдена борбата со Мајкл Хантер

187

Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ (12-0) ја има следната борба против еден од најдобрите тешкаши, Американецот Мајкл Хантер (19-1-1), потврди тимот на Зауeрлaнд во објава на социјалните мрежи, a беше објавен и постер на двајцата боксери. Датумот на нивниот судир сè уште не е познат.

Победникот на тој дуел ќе стане задолжителен предизвикувач за појасот на ИБФ, што би значело дека триумфот води во борба за светската титула, која во моментов е во сопственост на Ентони Џошуа.

Пред некој ден од ИБФ стигна вест дека тие бараат од Хрговиќ и од Хантер да прифатат меч за првиот предизвикувач на шампионскиот појас. Двајцата ја потврдија својата согласност и сега треба да се договорат датумот и местото на борбата.

Хрватската тешкаш е петти на ранг-листата на ИБФ, односно едно место подолу од Хантер.

На Филип му се создаде прилика откако поранешниот светски шампион Чарлс Мартин мораше да ја откаже борбата против Хантер поради повреда.

„Хрговиќ е предизвик, но јас ќе наметнам притисок. Јас сум поголем предизвик за него отколку тој за мене. Сè уште не се борел со некој од мој калибар. Сè околу него е надувано и мислам дека е рано да го направи тој чекор“, рече Мајкл Хантер пред некој ден и додаде:

„Подобро би било да се бори со Мартин Баколе, со некој што го победив, а тој ме сака мене. Мора да внимава што сака. Животот на победникот ќе се промени засекогаш, а Филип сега ми стои на патот“.

На почетокот на ноември, по победата над Ридел Букер, Хрговиќ истакна дека сака да се бори со Хантер, кој последната борба ја имаше во декември против Шон Лали. На тој меч Мајкл го победи сонародникот со нокаут во четвртата рунда.

Пред две и пол години Хантер го совлада Мартин Баколе, кој се споменуваше во последните неколку недели како потенцијален ривал на Хрговиќ.

Баунти има само еден пораз во кариерата, и тоа од Александар Усик. На 8 април 2017 година, Американецот загуби со судиска одлука од украинскиот удирач.

Хрватот во тешка категорија го доби најголемиот меч во кариерата и можноста да стигне до борбата за титулата. Хрговиќ ќе ја бара својата 13-та професионална победа против Мајкл Хантер!