Холифилд сака трета борба со Тајсон, Луис: И јас тренирам!

198

Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон заедно имаат 110 години.

И двајцата неодамна објавија дека се враќаат во рингот за егзебисциски мечеви.

57-годишниот Холифилд, кој е поранешен неоспорен светски шампион во лесна категорија и четирикратен светски шампион во тешка категорија, планира нов дуел со четири години помалдиот „Железен Мајк“, кој го победи двапати додека беше активен боксер во 1996 и 1997 година.

„Вистинската зделка/ The Real Deal “ сака нова борба за да собере пари за хуманитарната организација Обединете се за нашата борба 9 Unite 4 Our Fight).

Холифилд сака пријателски спаринг, а не вистинска борба за собирање средства за деца кои како него немале пари да почнат да ги остваруваат своите соништа во младоста.

„Веќе го направив она што го сакав во кариерата и бев најдобрат што можев да бидам. Ако не беше за добротворни цели, не би се борел против Тајсон. Не барам да бидам победник во таа борба. Тоа би било хуманитарен настан кој и помогнеме на нашата фондација“, рече Холифилд.

“Не се плашам од Тајсон или од нешто слично. Важно е тоа да ни одговара на нас двајцата. Не би го барал тоа од него, ако не сака. Тој ќе мора да ме праша. Ако го прашав тоа, јас би бил силеџија затоа што веќе двапати го победив”.

„Не би било силна борба, порано би се договориле како да го изведеме тоа и да работиме заедно. Сè уште имам брзина и непредвидлива работа и можам да ја вршам својата работа, но не сум тука за да повредам некого. Покрај тоа, јас сум во подобра форма од нив. Да не сум не би би влегувал во рингот со ниту еден од нив “.

Холифилд, Тајсон и Ленокс Луис во февруари беа почесни гости во Лас Вегас на реваншот меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Тогаш имаа заедничко фотографирање, а и третиот боксер од фотографијата се чини дека е среќен што повторно би ги навлекол ракавиците. Последниот неоспорен светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, испрати порака преку Твитер: „И јас во последно време тренирам “.

Несомнено е дека појавувањето на Тајсон, Холифилд и Луис во рингот, дури и на егзебицески натпревари, би привлекло поголемо внимание отколку повеќето настани со сегашните боксери.

Луис двапати се бореше против Холифилд. По победата против Шељко Мавровиќ Британецот во март 1999 година ремизираше со Американецот, но во тој меч беше тешко украден. Во реваншот одржан истата година победи со едногласна одлука. Тајсон го нокаутира во 2002 година.