Холифилд е подготвен да го објави првиот меч (ФОТО)

153

И Ивандер Холифилд се чувствува физички подготвен да се врати во рингот. Легендарниот боксер ова го објави на социјалните мрежи, додавајќи фотографија на која 58-годишникот, барем физички, не личи на него.

„Имам 99,79 килограми и подготвен сум да боксирам. Очекувајте го наскоро мојот меч“, напиша Холифилд на Инстаграм.

Ивандер Холифилд е една од најголемите легенди на професионалниот бокс. Минатата година единствениот боксер во тешка категорија кој стана четирикратен светски шампион најави враќање во рингот. Само тој, досега стана апсолутен светски шампион и во полутешка и во тешка категорија.

Мајк Тајсон исто така најави враќање, дури и веќе имаше еден меч. Заврши нерешено против друго големо име од блиското минато – Рој Џонс – Јуниор во демонстративен меч, кој се одржа кон крајот на ноември 2020 година.

Да потсетиме, поранешниот светски шампион во тешка категорија Холифилд изненадувачки објави дека многу очекуваниот меч меѓу него и Мајк Тајсон може да не се одржи. Само пред неколку дена се појави информација дека двајцата се договориле за егзебициски судир на 29 мај во Мајами, но се покажа дека Диносаурусот одбил.