Хеви метал иконата зема виолетов појас во бразилско џиу џицу (ФОТО)

159

Фронтменот на Мегадет, Дејв Мастејн, ја започна 2021 година со стекнување на виолетов појас во бразилско џиу џицу.

59-годишната легенда, посочен од музичките критичари ширум светот како татко на треш металот, е страстен љубител на боречките вештини, како носител на црн појас во таеквондо и во јукидокан карате. Мастејн го доби појасот во салата „Грејси Бара“ во Спринг Хил, Тенеси, од инструкторот Реџиналдо Алмеида, кој сподели фотографија на социјалните мрежи.

„Две години откако зедов син појас и здрав тренинг, со многу подеми и падови, денес имав задоволство да го подигнам господинот во заслужен виолетов појас. Честитки, дете!“, напиша тој.

Ова е уште една победа за Дејв Мастејн надвор од музиката, откако минатата година се бореше со ракот.