Херн за спектаклот Џошуа-Фјури: Договорот е подготвен

85

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе ги одмерат силите годинава, а тоа ќе биде борба по која ќе се знае апсолутниот светски шампион во тешка категорија.

Промотерот Еди Херн, потврди дека е постигнат усмен договор околу финансиите на борбата, остануваат деталите да се стават на хартија.

„Договорот е подготвен, навистина – без да биде потпишан. Финансиските елементи се подготвени. Зборуваме за телевизиските права, сè што треба да направиме е да го ставиме тоа на хартија. И кога склучувате договор за таква борба, има 15 минути во кои талкаме напред и назад додека не се провери секој збор“, изјави Херн за „Тајмс“.

Во врска со тоа каде ќе се одржи мечот, промоторот даде скудни информации. Но, се чини дека сонот на навивачите за судир во Велика Британија меѓу двајцата Британци нема да се оствари.

„Од Блискиот Исток ќе бидат многу агресивни и фаворити. За да организирате ваков меч потребна ви е сериозна помош од владата. Таков натпревар е позицијата на целата земја. Би сакал, ако има реванш, да биде во Велика Британија. Можеби на стадионот „Милениум“ во Кардиф“, посочи Херн.

Извори блиски до двата табори истакнуваат дека борбата за апсолутен стески првак би требало да се одржи во Саудиска Арабија, а наскоро ќе треба се одреди и датумот.

Џошува во декември минатата година го совлада Кубрат Пулев за одбрана на светскиот трон, додека Фјури претходно во февруари доминираше против Дионтеј Вајлдер и го освои појасот на ВБЦ.