Херн потврди дека преговорите за боксерскиот спектакл се ближат кон крајот: Џошуа ќе биде апсолутен владетел

139

Мечот за апсолутен светски шампион во бокс меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури наскоро треба да биде договорен, тврди главниот организатор на спектаклот Еди Херн. Во неодамнешното интервју, тој потврди дека борбата за обединување на титулите треба да се одржи во јуни.

„Ентони Џошуа ќе биде апсолутен владетел кога ќе се сретне со Фјури во јуни. Toа ќе биде вистинска војна, а Фјури треба да тргне во битка со сè што има. Но, тоа нема да биде доволно за него“, рече Еди Херн, кој е и промотор на Џошуа, и откри како напредуваат преговорите во врска со организацијата на средбата:

„Нашите тимови постојано соработуваат за да се договориме за сè што е можно побрзо. Фјури не треба да се грижи, ќе го добие мечот. И тогаш не може да се скрие никаде“.

Од изјавата на Херн за Боксинг сошал можеме да заклучиме дека мечот наскоро ќе биде договорен. Потребно е многу време да се потпише договор, па не е изненадувачки што преговорите траат со недели.

Тој неодамна истакна дека немаат резервен план, и дека прават се за да го договорат дуелот и тоа пред гледачите.