Харуни: На ЕП одиме со боксери со меѓународно искуство, секој може да изненади, најголемите очекувања се од Ардијан Аземи

414

Од утре до 24 октомври во Будва, Црна Гора, почнува на Европско првенство за млади накое Македонија ќе настапи со четворица боксери: Ардијан Аземи, Хади Шехаби, Илхан Озмен и Елхан Озмен.

Секако, наш адут за медал е Адријан Аземи, кој на Европското првенство за младинци, исто така во Будва, минатата година го освои бронзениот медал. А репрезентацијата ќе ја водат тренерите Насер Харуни и Васко Цубалевски.

„Европското првенство пак му беше доделено на градот Будва, како успешен организатор од минатиот шампионат. Македонија ќе ја претставуват боксери: Хади Шехаби – Шкендија но лимит, браќата Илхан и Ајхан Озмен – Универзалци и Ардијан Аземи Шкупи.

Репрезентацијата е составена од боксери со меѓународно искуство. Секој од овие боксери може да изненади, но најголемите очекувања ги имаме кај тешкашот Ардијан Аземи кој минатата година, исто така во Будва, успеа да освои историски прв медал за Македонија од европските првенства“, вели тренерот на репрезентацијата Насер Харуни, кој е и тренер на Аземи.

Да потсетиме дека медалот што го освои Аземи на ЕП во Црна Гора 2020 година беше историски медал, прв во јуниорска конкуренција, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал пред 26, но во кадетска конкуренција од страна на Примислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година. Додека 1997 година во Битола Фатон Салиху освои златен медал, а Дарко Чатлески и Денис Георгиевски бронзени.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.