Хамзат Чимаев шокира со изјавата за повлекување од ММА

183

Една од sвездите во подем на УФЦ – Хамзат Чимаев, шокантно објави крај на својата кариера. Шведскиот борец со чеченско потекло тоа го стори на Инстаграм.

„Сакам да им исажам голема благодарност на сите што ме поддржаа на моето патување. Мислам дека тоа беше сè. Да, не станав шампион, но ова не е најважната победа во овој живот. Многумина можат да бидат вознемирени, но моето срце, моето тело вели така“, напиша Чимаев.

26-годишниот Чимаев се соочи со сериозни компликации откако страдаше од коронавирусот. Закажаниот меч против Леон Едвардс во полусредна категорија прво беше преместен, а потоа и откажан. Чимаев последен пат се бореше во септември 2020 година, кога го нокаутира Џералд Мершарт.

Тој важеше за еден од милениците на шефот на УФЦ, Дана Вајт, што предизвика незадоволство кај другите борци. Самиот Вајт не го сфати сериозно објавувањето на Чимаев.

„Денес тренира, болен е и емотивно реагира објавувајќи го ова. Ова момче е прилично насилно, сака да се бори секоја недела, а сега не може дури ни да тренира целосно. Подлегнува на емоциите, но не отстапува”, рече Вајт.