Хамзат Чимаев и Конор Мек Грегор си објавија војна

355

Ѕвездата во зародиш на УФЦ, Хамзат Чимаев, привлече големо внимание за кратко време. 26-годишниот Чеченец забележа две последователни победи во УФЦ за 10 дена во две различни категории. „Борз“ ја импресионираше ММА заедницата и сите зборуваат за тоа.

Непоразениот Чеченец успеа да го нокаутира Рис Мекки минатиот викенд и го зголеми скорот на 8-0 во ММА. Чимаев објави фотографија на социјалните медиуми во која се обиде да го задави својот противник на ист начин како што Хабиб Нурмагомедов го натера Конор Мек Грегор да се предаде пред две години.

Хамзат го обележа Мек Грегор и напиша дека тој е пиле. Очигледно „Озлогласениот“ го видел тоа што го направи Чимаев и реши да му одговори. Во својот коментар Мек Грегор напиша дека усната на Чимаев личи на стаорец. Многумина го споредуваат Хамзат со Хабиб Нурмагомедов, а некои дури одат и подалеку и го сметаат за подобар од непоразениот Дагестанец. Чимаев има уште многу да докаже, но фактот дека го привлекува вниманието на Мек Грегор, зборува само за себе. Очигледно, ова младо момче од Чеченската Република има голема иднина пред него.

 

https://www.instagram.com/p/CDJMPpzFuBI/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDJzpgvp9vd/?utm_source=ig_embed